Девојче (12) дивеело на автопат со 140 км/час, брзала кај момчето


Полицијата во Тексас мораше да интервернира за да го престигне 12-годишното девојче кое го украло автомобилот од својата баба и заедно со 7-годишната сестра трганала кај момчето.

Малечката, според пишувањето на медиумите, автомобилот го возела со брзина од 140 км/час, а полицијата се намачила за да ја фати.devojcica-jurila-autom-foto-youtube-1467477043-941811-64154

Инцидентот се случил во четвртокот, кога девојчето го украло автомобилот од бабата која легнала да отспие во текот на попладнето.

Полицијата го снимила девојчето дури откако извозело 30 км. од куќата на бабата, а потоа почнала филмската потера. Детето дало гас на автопатот, а полицијата цели 20 километри се обидувала да ја стигне.

-Чудо е што никој не е повреден. Не знам како. Добро, полицијата водеше сметка, да не предизвикаат судар, ама и натаму е нејасно како тоа 12-годишно девоче возело со таа брзина, а притоа да не убие никого, вели обвинителот.

Девојчето е уапсено и сместено во поправен дом.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1