Во Алексинац 14-годишна малолетничка ги полила со солна киселина полицајците и социјалните работници.
Девојчето чиј идентитет не се открива дошло во канцеларијата на социјалните работници и започнало расправија. Била повикана полиција бидејќи детето одбивало да се смири, па се разбеснило и ги полило со солна киселина сите во просторијата.
За среќа, никој не е тешко повреден. Најверојатно, како што пишува Вечерње новости, детето има психички проблеми.