Типи Бенџамин Оканти Дегре е родена во 1990 година во градот Виндоек во Намбија. Нејзините родители, Силвија Роберт и Алан Дегре се професионални фотографи кои што речиси целиот свој живот и го посветиле на африканската дивина. Така, тие секогаш со себе ја воделе Типи на снимањата, така што таа, до својата десетта година живеела во дивината.
Во текот на нејзиниот престој во Африка, нејзини најдобри пријатели биле дивите животни, вклучувајќи го 28 годишниот слон Абу, леопардот наречен Џиб, како и сите крокодили, лавови, жирафи, бебето зебра, змии, камелеони и ноеви. Таа исто така се спријателила и со членовите од локалните племиња, кои што на научиле како да преживува јадејќи корени и плодови, но и како да го зборува нивниот јазик.
Откако се вратила во Париз во Франција, заедно со своите родители, не можејќи да издржи, повторно ја посетила Африка каде што направила серијал од шест документарни филмови за “Discovery Channel”.
Во Париз, таа посетувала локално државно училиште во текот на две години, меѓутоа затоа што била премногу носталгична и не можела да се вклопи во околината со останатите деца, таа била приморана да го напушти училиштето. Сега таа студира на Универзитетот “la Sorbonne Nouvelle” во Парис, на студии за кинематографија.
Точка.мк