Вчера во 14.00 часот во НК КР Ресен, четиринаесетгодишно девојче од Битола, заедно со нејзиниот татко О.И., пријавиле дека И.Н. (18) од Битола, кој е нејзин прв братучед и кој извесен период живеел во Ресен заедно со нив, во два наврати извршил полови дејствија над неа.
Првото дејствието се случило пред Нова Година и по нејзино кажување, била уплашена и не кажала ништо на нејзините родители. Пред една недела отишла во Битола кај нејзината тетка каде што дошол и нејзиниот братучед и се случило второто дејствие. За тоа дознала тетка ѝ и веднаш му кажала на нејзиниот татко.
ПС ОН Ресен презема мерки за целосно расчистување на случајот.