Родена е во 1939 година, а 5 години подоцна таа родила бебе. Лина Медина засекогаш остана медицинско чудо, за кое лекарите не дале одговор.
Родена и порасната во перуанскиот град Тикрапо, на 5 годишна возраст „добила“ чуден израсток на стомакот, па родителите ја однеле на лекар.
Кога лекарите ја прегледале, останале шокирани затоа што девојчето било во седми месец од нејзината бременост.
Докторот Жералдо Лозада го превзел случајот и ја однел малечката Лина во специјализираната болница за жени каде што дефинитивно била потврдена нејзината бременост. Лина, како што тогаш се претпоставувало, можела да забремени на 5 години поради таканаречениот предвремен пубертет кој во основа го означува раниот почеток на сексуалниот развој. Кај повеќето од девојчињата тоа започнува од 11 до 13 годишна возраст со првата менструација, но кај Лина менструалниот циклус започнал кога имала само 3 години, а нејзините гради започнале да се развиваат на 4 години. Во мај 1939-та година таа станала најмладата мајка во историјата откако со царски рез го родила своето бебе кое што било сосема здраво.
После само неколку дена, мајката и бебето биле пуштени од болница. Ниту денес не се знае кој е таткото на детето, а се шпекулирало дека тоа е плод на сексуално злоставување. Таткото на Лина бил уапсен поради сомнеж за силување и инцест, но бил ослободен поради недостаток на докази. Самата Лина никогаш не открила кој е таткото на детето, ниту како забременила. Според една информација од 1955-та година, во селото во кое што била родена Лина, често имало разни „свечености“ на Индијанците: „Тие често завршувале со оргии, па не е исклучено дека некој ја силувал Лина“, пренесуваат западните медиуми.
Повеќето луѓе приказната за Лина и нејзиното бебе ја сметаат за обична измама, но голем број од докторите од Перу велат дека лично ги виделе доказите забележани во медицинските архиви, од биопсијата до фотографиите и рендгенските слики од малата Лина.
Малиот Жерардо израснал верувајќи дека Лина му е сестра, но кога наполнил десет години конечно ја дознал вистината. Лина Медина успешно завршила училиште и се вработила како секретарка во докторска ординација. Подоцна се омажила и на 38 години родила уште еден син, дури 33 години после првиот.