Девојчиња на возраст од 12 до 13 години во Нови Сад, се’ почесто се занимаваат со проституција и за сексуални услуги бараат 500 динари (околу 4 евра), а некои од нив оралниот секс го наплатуваат така што бараат од „клиентите“ да им купат бурек и јогурт, пушуваат српските медиуми.
Како што кажуваат од полицијата во Нови Сад, тие се немоќни, бидејќи дури и кога ќе ги приведат најмладите проститутки, немаат законска основа да ги задржат.
„Тоа се практично деца од 12 или 13 години, кои би требало да одат на училиште. Тие работат самите за себе и немаат макроа. Затоа често им се случува клиентот да не им плати или дури да ги претепа. За сексуални услуги во просек бараат 500 динари“, вели соговорникот на „Независне новине“, кој работи во полиција.
Според неговите зборови, полицијата се сретнува со драстични примери – малолетни проститутки буквално нудат орален секс за појадок.
„Имавме случај девојката да го продава своето тело за бурек и за јогурт, што навистина е фрапантно, а исто така и трудница во седми месец орално задоволува клиенти за 1.000 динари“, вели тој.