Самра во телефонскиот разговор со својата сестра кажала “да не се грижат за нив”. Се јавила од фиксен број од Турција.
“Немојте да се грижите за нас. Голем поздрав до сите”, и кажала на својата сестра. Претходно се појавила информација дека девојките се наоѓаат на северот на Сирија.
На профилите на нивните социјални мрежи во неколку наврати се појавиле статуси во кои пишувало дека одат во света војна и дека се подготвени да умрат за своите идеали, а неколку месеци пред исчезнувањето почнале редовно да одат во локалната џамија која ја води радикалниот имам Ебу Тејма.