Девојка нападната од кучиња скитници во центарот на Скопје, од институциите добила одговор „ќерко пази се“


Проблемот со кучиња скитници во Скопје како одминува времето станува се поголем и поголем. Само во месец април во полицијата се пријавени околу десетина случаи на напад на скопските улици.

Вчера во 20 часот 20 годишната М.Ј. во полициска пријавила дека истиот ден околу 18 часот на ул. „Стале Попов“ била нападната од три кучиња скитници, од кои едното ја гризнало во пределот на десната потколеница.

Редакцијата на Курир дојде до младата девојка се здобила во центарот на Скопје.

Младата девојка која побара да не биде објавено нејзиното име и презиме, за Курир кажа дека инцидентот се случил на паркингот на улицата „Стале Попов“. Како што кажа 20 годишната девојка прв пат кога поминале покрај кучињата не биле нападнати, меѓутоа на враќање три кучиња лаејќи се стрчале кон нив и едно од нив ја гризнало девојката кај потколеницата. кучето кое ја гризнало не било обележано, додека другите две биле. Таа после инцидентот била во болница каде ја примила потребната терапија, а случајот го пријавила и во полиција.

Девојката за Курир изјави дека од полицијата ја препратиле случајот да го пријави на бројот 195, од каде пак ја препратиле според нејзините зборови да се јави во стационарот за кучиња „Вардариште“.

Помалку и шокантен е одговорот кој М.Ј. го добила од „Вардариште“. Од таму добила одговор „ќерко пази се, нема како да ти помогнеме“, вели девојката.

Инаку, исто така во центарот на Скопје, вчера беше пријавен уште еден случај на каснување од куче скитник. Во 13.00 часот во полициската станица Центар, Ј.Т. (59) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 12.10 часот, додека се движел на ул.„Кеј 13-ти Ноември“, од страна на куче скитник бил каснат за левата нога.

Курир.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1