Помладо женско лице е тешко повредено по пад од четврти кат од хотел во Гостивар. Во моментов таа се бори за живот откако итно е префрлена на скопските клиники.
Утрово околу 8 часот, во гостиварската полициска станица било пријавено дека во хотелот „Елита“ во центарот на градот имало несреќен случај, по што нивни екипи излегле на терен.
Во моментов трае увид на местото што го води јавен обвинител и екипи на СВР Тетово.
Првично и неофицијално станува збор за 23 жена од тетовско, која од вчера е пријавена за исчезната.
Мотивите и причините кои довеле до несреќата сé уште не се познати.