Деветнаесетгодишната жителка на Њујорк Никол има необична зависност од јадење дезодоранси во спреј и стик, така што, додека некои со себе си носат ужина, таа носи дезодоранси.
Девојката за првпат пробала хемикалии кога имала само четири години, а на дезодоранси не може да одолее веќе две години. Нејзината зависност е толку голема што изминатите две години има изедено околу 360 дезодоранси, што е речиси секој втор ден.
Оваа шокантна навика и донела разновидни здравствени проблеми како што се грчеви во стомакот и сува уста.
– Мозокот ми кажува дека мора да ги јадам. Се обидов да престанам на една недела, но се разболев и имав голема неподнослива главоболка, изјави Никол, истакнувајќи дека нема контрола врз својата навика и добива напади на паника секогаш кога ќе остане без дезодоранс.