Лана Секулиќ, девојката на починатиот актер Маринко Маџгаљ, ја презема грижата за неговите родители.
Лана одлучила и после неговата смрт да остане со неговото семејство и да проба да им олесни колку може.
– Иако и таа е потполно скршена, да би им била поддршка цело време неодамна се пресели во станот на неговите родители и сега живее со нив, вели извор близок до семејството Маџгаљ.
Лана по смртта на Маринко е во тешка психичка состојба. Таа ретко излегува од станот, а после погребот одлучи да биде заедно со неговите родители.
– И додека беше во Подгорица, каде иначе работеше, не излегувала многу од домот. Откако е погребан Маринко, таа се тргна од светот и очите на јавноста. Со никого не разговарала и не одела на работа, додава изворот.
Сите за загрижени за неа, од семејството, пријателите до колегите, а прашање е кога Лана ќе се врати во нормалниот живот.