Сара Бајц, девојка на Филип Вуд, еден од патниците исчезнати во малезискиот авион, добива закани од телефонски број регистриран во Кина. Од исчезнувањето на авионот примила и заканувачки повици, а некој и провалил и во станот.
Пред несреќата со авионот, Бајц планирала од Пекинг да се пресели во Куала Лумпур, за да живее со Вуд, кој работел за ИМБ Малаѕсиа. Неколку седмици откако боингот 777 на летот 370 исчезнал од радарот, Бајц примила порака која гласи: “Ќе дојдам и тебе ќе те убијам”. Од истиот телефонски број, регистриран во Кина, примила неколку порнографски слики и повеќе вознемирувачки телефонски повици.
За целата работа да биде уште полоша, два пати и провалиле во станот, а потоа следеле уште неколку непријатни повици. -Кој и да влегувал, не бил многу внимателен. Јас сакам да ми биде средено, и веднаш забележав дека работите ми се преместени. Жената која го чисти мојот стан беше надвор од градот, па така не можеше да биде таа, а јас дома пристигнав пред да се врати мојот син. Шифрата на сефот ми беше ресетирана, што се случува кога три пати ќе се погреши шифрата, кажала Бајц, и додала дека уште еден обид за грабеж се случил неколку седмици подоцна и тогаш нејзиниот сосед забележал две лица како бегаат.
Според нејзините зборови, повиците и пораките дошле набрзо по првиот обид за грабеж, но откако ФБИ започнале истрага, повиците престанале.