Скопјанката Моника Ристеска, објави ново видео како пуши марихуана, но сега видеото е снимено во нејзиниот дом.
Во него таа прашува: „Дома дозволено е?“.
Девојката во четвртокот објави видео како пуши марихуана по скопските улици, а во петокот беше приведена во Градскиот парк во Скопје на информативен разговор. Таа се претставува голем поборник за легализација на марихуана и постојано објавува видеа и материјали за канабисот.
Таа вели дека не е дилер, туку активист кој се бори за легализација на марихуаната. Моника вели дека полицајците ја уапсиле затоа што, како што ѝ рекле, била лош пример за младите со тоа што одела против државата и полицијата.
Кога го прашала инспекторот што ќе ѝ се случи по приведувањето, тој ѝ рекол дека сега судот треба да одлучи и дека најверојатно ќе добие опомена.