Марко Милошевиќ, внукот на поранешниот српски претседател, има 18 години и живее во Пожаревац со својата мајка Милица. Тој е крстен по својот татко Марко, кој по паѓањето од власт во 2002 година избега во Русија заедно со неговата мајка Мира.
Марко редовно го посетува својот татко во Москва, кој во меѓувреме се прежени и доби ќерка. Малиот Марко вели дека не сака да се занимава со политика иако многу го цени она што неговиот дедо го има направено за земјата.
Марко сега планира да се запише на факултет во Белград. Важи за миленик на девојките.
Тој вели дека како низ магла се сеќава кога го носеле во Хаг во посета на неговиот дедо, но дека сега редовно го посетува гробот кој се наоѓа во дворот на семејната куќа.