Џабе се – со просечна плата неможе да се купи ниту куќа, ниту стан


Ослободувањето од обврската да се вратат субвенционираните средства и намалувањето на рокот за отплата на кредитот на најмалку 10 години, кои се дел од последните измени на проектот „Купи куќа, купи стан“, звучат примамливо. Сепак, и покрај измените што ги воведе Владата за повеќето граѓани сонот за дом и понатаму е тешко остварлив, особено за оние со пониски примања, пишува Нова Македонија.

stedi za stanПресметките покажуваат дека една брачна двојка што сака да го реши своето станбено прашање преку проектот „Купи куќа купи стан“, а притоа брачните партнери имаат просечна месечна плата од 21 илјада денари или 350 евра, тешко ќе може да го отплати кредитот за помалку од 20 години.

Вкупните домашни приходи на брачните другари во ваква ситуација достигнуваат 700 евра, а доколку треба да отплатат кредит од 50 илјади евра, месечната рата со камата од 4,99 проценти за 15 години на отплата би била 395 евра. Во согласност со правилата на банките, за отплата на кредитот може да се одвои само една третина од вкупните примања во домаќинството, што значи дека семејството нема да може да го отплати кредитот. Во ваква ситуација корисниците ќе мора да потпишат договор на подолг рок, односно најмалку 20 години.

Притоа корисниците можат да го исплатат кредитот во најкраток рок од 10 години, а од Министерството посочуваат дека за 50.000 евра кредит ратата изнесува 330 евра од кои корисникот плаќа само 82 евра, а државата 250 евра во првите пет години.

– Сите тие што плаќаат кирија од 100 евра месечно можат, наместо тоа, да плаќаат 82 евра рата и да изградат куќа или да купат стан – соопштија во Министерството за финансии.

Претставниците, пак, на агенциите за недвижности посочуваат дека еден проблематичен сегмент во проектот е цената на станбениот простор. Тие велат дека по цена од 900 евра за квадрат може да се најде стан само во пооддалечените скопски населби како Ѓорче Петров 2, Припор, Железара и Ново Лисиче.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1