Во третиот квартал од годинава во Македонија имало 4.604 слободни работни места, од кои најмногу 1793 биле во преработувачката индустрија, 695 во трговијата и поправка на моторни возила и мотоцикли.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, најмногу слободни работни места имало во скопскиот регион 1.295, со 833 следува пелагонискиот и со 687 во источниот регион.
Слободни работни места имало најмногу во претпријатијата кои вработуваат меѓу 10 и 49 и меѓу 50 и 249 лица, каде според објавените податоци имало по околу 1.500 слободни работни места.
Според занимањата, најбарани биле работници во услужни дејности и продажба – 975, потоа се барале 934 ракувачи и составувачи на машини и постројки и 704 работни места за основни занимања.