Џафери ќе го објави законот за јазиците во Службен весник, но не кажа кога


Талат Џафери ќе го прати законот за јазици за објавување во Службен весник, со еден потпис – неговиот и без потребниот втор потпис- на Иванов. Џафери смета дека на овој начин конечно законот ќе стапи во сила, а Собранието ќе си ја врши својата законодавна функција. Сепак, кога тоа ќе го направи не кажа бидејќи, како што рече на брифингот со новинарите, не бил оптоварен со рокови.

Тој смета дека објавувањето на законот со еден потпис не е спротивно на Уставот иако таму јасно е наведено дека законите се објавуваат со указ на кој се потпишуваат претседателот на Собранието и шефот на државата. Собранискиот спикер смета дека кривично дело е ако не го објави законот и го спречи неговотот стапување во сила. Според него, Иванов е тој кој го криши Уставот има има основ за импичмент, па дури и кривично да одговара за злаупотреба на службена должност.

„Ова не е објавување на законот на сила. Тоа е уставна процедура. Бидејки според чл. 8 од Уставот има поделба на власта, законодавната функција ја врши Собранието и никој нема право да ни се меша“, рече Џафери.

Од „Службен весник“ денеска не ни одговорија како би постапиле во ваква ситуација. Според „Законот за службен весник“, законите се објавуваат во текстот што го донел доносителот на актот. На прашањето дали генералниот секратар на Собранието, би прифатил закон со еден потпис да достави до Службен весник, според Џафери, тоа е обврска која не може да се избегне.

Од друга страна, указот на Законот за знамиња од 1998 година кој Тито Петковски како собраниски спикер два пати го потпиша поради службено отсуство на Глигоров, Уставниот суд одлучи дека е противуставен. И опозициската ВМРО – ДПМНЕ пред повеке од еден месец предупреди дека секое објавување на законот без потпис на Иванов би било нелегално.

Во меѓувреме, Џафери информираше дека власта и опозцијата вчера постигнале договор за три рефомски закони од правосудството. Иако пак, законот за медиуми е исто дел од европските закони, денеска беше одложена Комисијата за транспорт и врски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1