Министерството за одбрана без да ги извести семејствата на загинатите офицери на АРМ во хеликоптерската несреќа кај Блаце ја прекина традицијата да им плаќа одмор на децата и најблиските на загинатите во Охрид или Дојран.
Ова за Канал 5 го потврдија во две семејства на загинатите кај Блаце. Никој ниту им се јавил да им каже дали е прекината традицијата. Слично било и кај семејствата на загинатите бранители. Доаѓале ветувања, но не и поканите да тргнат на законски предвидениот одмор. На ова прашање министерот Талат Џафери без детали.
Според информациите на Канал 5 документот кои семејства треба да одат на одмор бил подготвен уште во мај од надлежните служби во Министерството и пратено до кабинетот на Џафери. Но ни до пред десет дена не било потпишано, па одново било пратено ургентно писмо лично на име на министерот Џафери. Тогаш било кажано дека има инфраструктурни проблеми во одморалиштата, но почнале и јавувања до дел, не до сите семејства на загинатите бранители- дека ќе има одмор. Вообичаено министерството го плаќа престојот, додека храната Генералштабот каде веќе е потпишано решението.
За семејствата на бранителите Џафери ни посочи да прашаме во правната служба. Но дали и тој како неговиот претходник Фатмир Бесими ќе се поклони пред тамошниот споменик на жртвите на ОНА како министер, Џафери вели дека тој како министер е претставник на сите граѓани. Не е исклучена и таа можност и не гледам причина зошто да не, рече Џафери по средбата со Претседателот Ѓорге Иванов. На средбата било разговарано за активностите на АРМ и на одбраната, подготовките за прославата на денот на АРМ 18-ти август, а тема била и изборот на воените аташеа.
На почетокот на изјавата министерот се изјави на снимателите и новинарите кои повеќе од два часа чекаа пред министерството тој да даде изјава. Џафери вели дека Претседателот му бил гостин, а тој како домаќин не можел да го избрка и покрај тоа што новинарските екипи чекаа на +40 степени.
Kanal 5