Џафери нема да дозволи да се повтори 24 декември и 27 април во Собранието на РМ


Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека нема да дозволи да се повтори 24 декември и 27 април во Собранието на РМ, откако беше изгласан Законот за употреба на јазиците.

Според него, основна надлежност на Собранието е да води законодавна процедура согласно Уставот и деловникот.

– Правото на секој граѓанин пред секоја институција е изричито право на протест и во однос на тоа немам замерка, кон граѓаните кои беа пред Собранието, но однесувањето на делот на пратениците не смее да биде сфатено дека е провокација за меѓуетничките односи, тоа е слика и прилика на овие кои така постапиле најдени во теснец поради својата состојба и позиција, не можат се уште да разберат дека се опозиција, рече Џафери.

Во однос на процедурите и уставноста на законите кои се носат во Собранието, Џафери, рече дека единствено надлежен е Уставниот суд во процедура откако ќе се донесе законот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1