Талат Џафери денеска ја даде првата изјава како претседател на Собранието. Тој вели дека се чувствува безбеден и дека граѓаните го избрале него и смета дека нема да го повредат.
– Се надевам дека ситуацијата ќе се врати во нормала, а повредените пратеници што побрзо ќе се вратат дома и на работните места -рече Џафери.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери по средбата со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји, рече дека САД го поддржуваат неговиот избор како и натамошните процеси за фунционалност на сите институции, објави А1он.