Новиот претседател на Собранието Талат Џафери е единствен легален и легитимен претседател на Собранието, изјави тој за ХРТ, хрватската државна телевизија.
Џафери му даде рок од 10 дена на претседателот на државата, период во кој Иванов треба да го му додели мандат на парламентарното мнозинство за формирање влада.
– Ако претседателот Иванов не го даде мандатот за влада на парламентарното мнозинство, тој ќе направи кривично дело. Тој тоа мора да го направи бидејќу Уставот и законите не познаваат такво непостапување – рече Џафери за ХРТ.
На прашањето дали „Тиранската декларација“ го урива суверенитетот на Македонија, Џафери рече дека не се работи за никаква декларација туку за договор помеѓу партиите за постизборна соработка.