Џафери: Законот за јазици ќе се објави без потпис на Иванов, кога ќе се случи тоа е моја одлука


Законот за јазиците ќе стапи на сила и покрај тоа што претседателот на државата, Ѓорге Иванов одбива да го потпиша, ова во гостување на телевизија Телма вчера го најави претседателот на Собранието, Талат Џафери.

-Законот ќе се прогласи без потпис на претседателот, бидејќи тој одбива, а Уставот има соодветни одредби со кои ги обврзува сите носители на функции да го почитуваат Уставот и да не ги попречуваат другите институции во работата, истакна Џафери.

Џафери во гостувањето на Телма кажа дека за претседателот на државата еден ден за ова ќе одговара, а законот ќе биде објавен во службен весник со образложение дека претседателот одбива да го потпише.

На прашањето кога ќе го прати законот во Службен весник, Џафери одговори дека тоа е негова одлука.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1