Џејми Оливер го промовира македонскиот ајвар


Најпознатиот готвач на светот, Џејми Оливер, го промовира македонскиот ајвар, со што помогна во продажбата на нашите производи ширум светот.

ajvarot-nasМакедонскиот ајвар неодамна е претставен и на глобалниот пазар во Велика Британија, и тоа од британскиот славен готвач Филип Еванс. Овој претприемач го увезува ајварот од Македонија во 13 земји низ светот.

– Сечија тетка ја има најдобрата верзија, а луѓето имаат страст за ајварот,  објаснува Еванс кој дошол во Македонија со сопругата Ана, кога добил работа во невладина организација.

Ајварот го произведуваат и други фирми, како хрватскиот прехранбен гигант „Подравка“, но Еванс е убеден дека неговиот ајвар е со врвен квалитет, а и тој не цели на балканската дијаспора, што е случај со „Подравка“ и со останатите фирми.

Сега за сега, ајварот на Еванс „Пелагониа“ најмногу се продава низ Велика Британија, но и во 13 други земји, од Норвешка до Дубаи.

Приходите од ајварот пораснале за 76% минатата година, а прогнозите се дека повторно ќе се дуплираат во 2014 година.

– Нашиот ајвар беше промовиран и од Џејми Оливер и Отоленги, кои испраќаа рецепти и тоа имаше одлични ефекти врз продажбите – раскажува Еванс.

Според неговите планови, од следната година македонскиот ајвар ќе се продава и на азискиот пазар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1