Џејми Оливер ја обелодени лагата – Во хамбургерите месо со амонијак


Светски познатиот шеф, Џејми Оливер кој ја освои битката против еден од најголемите синџири на ресторани за брза храна во светот покажа колку тие се штетни и направи свој рецепт на здрави хамбургери.

djejmi oliver protiv gmo i fluorСпоред Оливер, масните делови на говедско месо се “измиени” во амониум хидроксид и се користат во полнење на плескавица. Пред овој процес, според него, храната се смета за неупотреблива за да може да ја јадат луѓе. Тој тврди дека: „Во суштина, се зема месо кое може да се продаде како најевтина храна за кучиња, но откако ќе се преработи, станува добра и за луѓе. Покрај нискиот квалитет на месо, амониум хидроксид е штетен за здравјето. Оливер овој процес го нарекува „розов лигав процес“.

„Зошто било кое разумно човечко суштество би правело хамбургери полни со амонијак во устата на своите деца?”, праша шефот кој ја доби војната против најпознатиот фаст фуд ресторан. Во Соединетите Американски Држави, Бургер Кинг и Тако Бел веќе ја откажа употреба на амонијак во нивните производи. Во прехранбената индустрија се користи амониум хидроксид како анти-микробиолошки агенс во месо. Уште повеќе загрижува фактот што амониум хидроксид се смета за дел од „компонентите во производството” од страна на USDA, па потрошувачите не можат а знаат кога ја има оваа хемија во нивната храна. На официјалниот сајт на Мекдоналдс, компанијата тврди дека нивното месо е евтино затоа што, нивното секојдневно купување на месо поради брзото трошење им овозможува на производителите да им го дадат по поефтина цена.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1