Џејми Оливер затвора шест ресторани заради Брегзит


Повеќе ресторани од ланецот „Џејмис италијан“ ќе бидат затворени, одлучил британскиот готвач, а како причина за тоа ја навел одлуката на Британија да излезе од Европската унија.

Одлуката за Брегзит довела до поскапување на состојките за италијанските јадења што Џејми ги подготвува.jamieOliver_2427336b

– Секој сопственик на ресторан знае дека ситуацијата на пазарот е тешка и дека дополнително ја отежнаа притисоците и неизвесноста по британската одлука – објаснил директорот на „Џејмис италијан“, Сајмон Благден.

Ќе се затвореле шест ресторани, што би значело и укинување на 120 работни места.

Освен поскапување на состојките потребни за подготовка на храната, причина за затворање на рестораните биле и трошоците за обука на вработените, како и намалената посетеност.

Синџирот ресторани „Џејмис италијан“ ќе продолжел да се развива во странство.

Британија на 23 јуни 2016 година донесе одлука да излезе од ЕУ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1