Џенет Џексон и официјално потврди дека е бремена и се сликаше за магазинот „People“.– Му благодариме на Бога за благословот – вели Џенет која пред 6 месеци обелодени дека ја одложува турнејата за да основа семејство со сопругот Висам Ал Мана. Таа досега не се изјаснуваше околу шпекулациите дека е бремена – сега е веќе видливо!
Според извори блиски до Џексон, таа има утрински мачнини, но е пресреќна што ќе добие дете.
– Таа е супер возбудена и пресреќна што ќе има дете, и смета дека ова е најдоброто нешто што и се случило во животот – вели изворот.Џенет Џексон и нејзиниот сопруг Висам Ал Мана се заедно од 2012 година.