Џибони доаѓа во Скопје!


Еден од најпопуларните пејачи на регионалната музичка сцена Златан Стипишиќ Џибони на 16. ноември ќе одржи свој самостоен концерт во Скопје.

gibonniОвој концертот на Џибони ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“, а е дел од промотивната европска турнеја на неговиот нов албум „20th Century Man“. Во рамки на оваа турнеја со повеќе од 15 закажани настапи и по одличните концерти низ европските метрополи како Берлин, Прага и Виена, Џибони доаѓа и во Скопје.

Неговиот последен албум  „20th Century Man“ е снимен во продукција на британскиот продуцент Енди Рајт, добитник на Греми наградите и познат по соработките со изведувачи како што се „Масив Атак“, „Јуритмикс“, „Симпл Мајндс“, „Симпли Ред“. Овој албум е прв во неговата кариера кој е снимен на англиски јазик и со тоа пак, особено атрактивен за европскиот пазар, јавува Скопје Инфо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1