Златан Стипишиќ Џибони беше ограбен во текот на неодамнешната турнеја во Амстердам.
– Тоа беше за добродојде. Штом стигнавме во Амстердам не ограбија. Отидовме да јадеме, а за тоа време ни провалија во автомобилот, иако секаде низ градот има безбедносни камери. Крадците ги имаа развиено своите техники. Ни украдоа се што нашле, а ни оставиле само една торба, вели пејачот за „Слободна Далмација“.
Популарниот Џибони моментално има успешна турнеја низ Европа каде пее на англиски јазик.