Џихади Џон е убиен


Американските воени функционери се 99-процентно сигурни дека еден од џелатите на екстремната сунитска група Исламската држава во Сирија, Британецот Мохамед Емвази познат по прекарот кој му го дадоа медиумите Џихади Џон, е убиен во воздушен напад на американски летала, објавија во петокот медиумите.

Претходно портпаролот на американското министерство за одбрана, Питер Кук, изјави дека изминатата ноќ американско беспилотно летало извршило напад во близина на градот Рака, којашто се смета за главно упориште и главен град на „калифатот“ на Исламската држава во Сирија. Тој истакна притоа дека американските разузнавачи и аналитичари ги проценуваат резултатите од нападот чија цел бил Мохамед Емвази, или Џихади Џон.egzekucija isis

„Ние сме 99 отсто убедени дека тој е мртов“, изјавил во петокот за американската телевизиска мрежа Fox News друг восок претставник на Пентагон, кој барал да остане анонимен. Според него, леталото го следело Џихади Џон целиот ден и го извршило гаѓањето во моментот кога џихадистичкиот џелат излегол од една куќа во близина на Рака и влегол во неговиот автомобил.

Истовремено, опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, повикувајќи се на свои активисти „од теренот“, изјави дека, како што наведува „британскиот водач на Исламската држава, Џихади Џон и уште тројца странски борци се убиени“ во нападот во северна Сирија.

Но, сепак, до SOHR не можеле да ја потврдат автентичноста на вестите дека станува збор токму за Џихади Џон, но нивните извори од Сирија велат дека е убиен.

„Автомобилот во кој се наоѓале четворица странски водачи на Исламската држава, вклучително и еден британски џихадист, се погодени во американски напади. Сите извори велат дека телото на важен британски џихадист лежи во болницата во Рака. Сите извори велат дека станува збор за Џихади Џон, но тоа не можам лично да го потврдам“, изјавил за AFP Рами Абдулрахман, директор на SOHR.

Проверката на идентитетот и лоцирањето на Џихади Џон започна откако во видео материјал поставен на интернет во август 2014 година, на кое тој го обезглавува американскиот Џејмс Фоли. Во март годинава, медиумите објавија фотографија на терористот од неговите студентски денови, според која тој е роден на 17-ти август 1988 година. Покрај фотографијата на младиот човек во Универзитетот Вестминстер, кој го завршил, стои името Мохамед Емвази.
Еден од главните ликови на снимките на коишто џихадистите им ги отсекуваат главите на заложниците, џелатот на сунитската џихадистичка организација Исламска држава (IS), идентификуван како Мохамед Емвази, или попознат како Џихади Џон, првпат во август годинава објави видео снимка на којашто го покажува своето лице.

На видеот во траење од една минута, а е снимено во Сирија, британскиот џихадист Мохамед Емвази, кој е осомничен за најмалку седум убиства на заложници на Исламската држава, вели дека ќе „продолжи со сечењето глави и триумфално ќе се врати во Велика Британија“.

Џихади Џон е маскираниот џихадист кој е еден од главните ликови на видео снимките на кои припадници на Исламската држава ги обезглавуваат заложниците, е Британец роден во Кувајт, кој потекнува од богато семејство, израснал во Лондон и дипломирал компјутерско програмирање на Универзитетот Вестминстер.

Името Џон на Емвази му го дале заложниците, бидејќи него и другите британски државјани во редовите на Исламската држава и нарекле „битлси“. Едниот од џихадистите од Велика Британија, е идентификуван како Џорџ.

Претходно неше објавено дека 37-годишниот Емвази тврдел дека припадниците на тајната британска служба MI5 се обиделе да го регрутираат. Потоа наводно се обидел да отпатува во Кувајт, но на заминување го задржале припадниците на британските тајни агенции за борба против тероризмот во 2010 година. Му било забрането да ја напушти земјата, меѓутоа конечно во 2012 година, сепак, изнашол начин да отпатува во Сирија.

Откако Емвази беше идентификуван од страна на британските и американските служби како сигурен егзекутор на американскиот новинар Џејмс Фоли во август 2014 година, неговото семејство во Лондон е принудено да живее во постојано криење. Познато е дека неговата мајка и пет други членови од неговото семејство се под постојана заштита на британската полиција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1