Џихадисти од Македонија: Мухамед од Охрид и Бенјамин од Грчец, приведени за тероризам во Турција


Меѓу 180-те џихадисти, припадници на Исламска држава, кои според британскиот весник „Тајмс“ биле разменети за турските заложници киднапирани во турскиот конзулат во Мосул, имало и двајца од Македонија. Според македонски медиуми на албански јазик, станува збор за еден охриѓанец и за жител на скопското село Грчец.

Весникот Тајмс во вчерашниот број изнесе тврдење дека Турција ѝ предала 180 џихадисти, меѓу кои и двајца македонски државјании и двајца британски државјани, на групата „Исламска држава” во замена за ослободување на заложниците киднапирани од турскиот конзулат во Мосул.islamisti djihad terorizam

Мухамед Зекири од Охрид и Бенјамин Ху по потекло од Грчец се единствените македонски државјани за кои турската полиција потврдила дека се приведени за тероризам.. Дали тие се на листата предадени на Исламската држава нема потврда. Македонската полиција нема добиено  информации за наводната размена на заробеници кои според пишувањата на светските медиумски мрежи била изведена во рамки на договорот за ослободување на киндапираните од турскиот конзулат во Мосул.

– На почетокот на годината бевме известени од турската полиција за приведувањето на охриѓанецот Мухамед Зекири и Бенјамин Ху за терористичкиот напад во кои загинаа припадници на турската полиција. По проверките беше утврдено дена Ху нема македонско државјанство, но досега немаме добиено било каква информација за нивно ослободување или размена, вели Иво Котевски помошник министер за внатрешни работи.

Зекири и Ху беа приведени во март годинава, неколку дена по нападот врз турската полиција во местото Нигде. Беа осомничени за терористички напад во кои животот го загубија тројца турски полицајци а петмина беа повредени. По проверките на македонското МВР беше утврдено дека Мухамед Зекири има македонско државјанство но не и Ху. Бенјамин имал германски и кинески пасош, но поврзувањето со Македонија било направено поради потеклото на неговиот татко кој е од скопско Грчец, а неговата мајка била од Кина. Тој бил роден и израснал во Германија.

Според засега неофицијалните информации, на листата 180  размените џихадисти имало и државјани на голем број европски земји. Неколкумина од Британија, Шведска, Швајцарија, Франција и Белгија.

Турција е земјата која очигледно е главната транспортна врска на борците на Исламската држава. Токму од таму заминуваат и македонските државјани. Таков беше случајот и со 15 годината македонка која летово по убедувањето на своето моче од Алжир ја проемни верата и замина за Сирија. Турција е нјачестиот избор за поврзување и на оние кои од западно европските земји заминуваат на боиштата.

Министерката за внатрешни работи вчера посочи дека никој во светот нема евиденција колкумина борци има во редовите на исламсската држава и кое е нивното потекло. Зидојче Цајтунг пак во својата статија на темата борци од балканот напиша дека балканот е еден од главните регрутни центри. ПО бројот на борци на теренот води Албанија, со 140, а според нивните пишувања во редовите на Исламската држава има и 20 државјани на Македонија. Досега на боишптата на Блискиот исток според неофицијалните инфромации животот го загубиле  десетина македонски државјани.

Sitel

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1