Џихадистите на ИД отсекоа уште една глава- го ликвидираа главниот археолог на локалитетот Палмира


Сирискиот археолог Халед Асад, кој со децении го истражуваше археолошкиот локалитет Палмира, е ликвидиран од џихадистите на Исламска држава (ИД).

Асад бил грабнат и одведен како заробеник од припадниците на оваа милитантна сунитска група, пред неколку месеци, кога ИД го зазеде овој археолошки локалитет.palmura

Директорот на истражувачките работи во Палмира, Мамум Абдулкарим изјави дека семејството на 82 годишниот научник, било известено дека џихадистите го убиле со отсекување на главата.

Според Абдулкарим, џихадистите на ИД, го обесиле подоцна обезглавеното тело на археологот Асад, на еден столб на главниот плоштад на овој антички град.

Палмира важи за „античкиот бисер“ на Блискиот Исток и се наоѓа под заштита на УНЕСКО, како еден од локалитетите на светското културно наследство.

Убиениот Халед Асад повеќе од 50 години работеше на ископините од античкиот локалитет, што џихадистите го презедоа од армиските сили на Сирија.

Исламска држава контролора голема територија од Сирија и од Ирак на која прогласи „калифат“. Припадниците на групата ги уништуваат античките споменици на сириската и ирачката територија, но засега не е познато каква е ситуацијата во Палмира.

Сириските владини трупи, на неколкупати се обидоа да ја вратат контролата врз овој локалитет и во преземните операции се развија жестоки борби во околните градови, но џихадистите и понатаму го имаат окупирано ова место.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1