Поранешните борци на терористичките организации на Исламската држава од Косово кои учествуваа на боиштата во Сирија се жалат дека не можат повторнот да се интегрираат во косовското општество.
На виделина овој проблем го изнесоа самите припадници на оваа терористичка организација и тоа на тркалезната маса што се одржа во Приштина под наслов “Војнатa во Сирија и отовoрената приказна на поранешните борци”, која ја организираше Центарот за политики истражувања. Еден од говорниците кој бил и во затвор, рекол дека се “жртви на сопствената добра волја“ како и тоа дека не се виновни бидејќи косовската влада “упатила повик и дала зелено светло “ за одење во Сирија.
“Не можеме да најдеме работа, да се движиме слoбодно“, рече еден од нив.
Генерално, повратниците од Исламската држава на Косово јавно го изнесоа незадоволството како се постапува кон нив, како и тоа дека програмата за нивна интеграција во косовското општество е лоша. Проценката е дека под знамето на Исламската држава од 2013. до 2015. година се бореле околу 300 Албанци со потекло од Косово.