Џихадистите со булдожери го урнаа историскиот град Нимруд (ВИДЕО)


Џихадистите од Исламската држава го ограбија па со булдожери го разораа древниот асирски град Нимруд во северен Ирак, едно од највредните археолошки наоѓалишта во регионот и воопшто во светот, објавија во петокот локалните племиња и ирачката влада, додека Агенцијата на Обединетите нации за образование, наука и култура – УНЕСКО ги повика сите верски и политички челници во регионот да му стават крај на варварството на оваа екстремна групација којашто практикува свое радикално сфаќање на исламот.

Уништувањето на древниот град Нимруд следеше откако припадниците на Исламската држава објавија видео снимка како уништуваат скулптури стари повеќе до 2.600 години, палат илјадници книги и ги уништуваат светилиштата во Мосул.nimrud

Џихадистите од Исламската држава дојдоа во историскиот град Нимруд, ограбија сé што го сметаат за вредно, а потоа градот го срамнија со земјата. Целосно ги уништија историски вредните ѕидини, скулптурите и една палата“, изјави локален жител за Reuters.

Древниот асирски град Нимруд се наоѓа на реката Тигрис, 20 километри југоисточно од Мосул, а во Библијата се среќава под името Калах. Изграден е за време на владеењето на асирскиот крал Шалманесер, меѓу 1274 и 1245 година пред Христа и своевремено бил престолнина на новото асирска царство, во тој период најмоќната држава на светот.

Ирачкото министерство за туризам и старини смета дека исламистите на на овој начин ја предизвикуваат меѓународната заедница. „Терористичките банди продолжуваат да ја предизвикуваат меѓународната заедница и чувствата на човештвото“, се наведува во соопштението на ирачкото министерство.

„Намерното уништување на културното наследство ве воено злосторство и сите политички и верски челници мора да станат против тоа варварство. Нема политичко ниту верско оправдување за културна оставина“, изјави во петокот претседателката на УНЕСКО, Ирина Бокова, пренесе AFP.nimrud2

Засега не се познати точните димензии на штетата на овој вреден археолошки локалитет, кој во 1950-те го истражуваше археологот Макс Молоувен задно со неговата сопруга, славната британска авторка на криминалистички романи Агата Кристи.

Според апсолутистичкото толкување на исламот, џихадистите тврдат дека скулптурите и кралските гробници се идоли и затоа мора да бидат уништени. Џихадистите пред разорувањето темелно го ограбиле локалитетот, а ирачките функционери и претходно истакнуваа дека џихадистите ги ограбуваат уметничките дела и антиквитетите и ги продаваат на нелегалниот пазар со што делумно ја финансираат својата војна. Археолозите нападот врз ирачкото културно наследство го споредија со талибанското уривање на џиновските Буди во Бамијан во 2001 година во Авганистан, меѓутоа проценуваат дека штетата во Ирак е многу поголема и позначителна.

Денешен Ирак се простира на просторот на колепката на цивилизацијата каде што се појавени првпат земјоделието и писмото меѓу теченијата на реките Тигрис и Еуфрат, пред повеќе од 5.000 години. Многу древни градови и царства се дел од светсктоо културно наследство и библискиот Стар завет. На ирачкиот југ, кој сé уште е поштеден до смртоносните и разурнувачки походи и грабежи, лежат градовите Вавилон, каде се наоѓало едно од седумте чуда на античкиот свет Семирамидините висечки градини, потоа градот Ур, родното место на библискиот патријарх Абрахам, како и градовите Самара, Багдад и Ктезифонт, царските престолнини на Арапите и на Персијците.

Ирачкиот шиитски верски водач ајатолахот Али ал-Систани ги повика сите Ирачани, кои инаку се длабоко поделени етнички и верски благодарејќи најмногу на децениското диктаторски владеење на сунитот Садам Хусеин кога беше маргинализирано шиитското мнозинство (66 отсто, наспротив 33 отсто сунити), да се обединат и заедно да ја победат Исламската држава.

Асирскиот политичар Јонадам Канна смета дека уништувањето на Нимруд е извршено за џихадистите да го прикријат грабежот и продажбата на многу антички дела, и истакнува дека припадниците на Исламската држава се „неписмена, заостаната банда која сака да го избрише колективното сеќавање на Ирак и неговото културно наследство“.

Кон крајот на јули 2014 година сунитските џихадисти од групата Исламска држава (IS – поранешната Исламска држава во Ирак и на Левантот – ISIL) опожарија древна црква од III век во северниот орачки град Мосул кој го држат под контрола од почетокот на нивниот бунт. Мосул е вториот по големина град во Ирак и центар на северната провинција Нинива. Претходно во јуни ‎сунитските радикални бунтовници ги разурнале светилиштата и џамиите во Мосул. Најмалку четири сунитски и суфиски светилишта, како и шест шиитски џамии се уништени во областите на северната ирачка провинција Нинива. Фотографиите кои на интернет ги објавија борците на џихадистичката група Исламска држава (IS), покажуваа булдожери кои уриваат сунитски и суфиски светилишта. Шиитските џамии биле уништени со експлозив, а беше објавено и дека џихадистите заземале и сквернавеле две христијански цркви. Од нив ги симнале крстовите и го истакнале црното знаме на џихадистичката група.

Слични акции на уништување на верски објекти и светилишта, особено од туѓи религии, презимаа припадниците на радикалното исламистичко движење Талибан во Авганистан каде што во 1998 година прогласија „исламски емират“. Во 2001 година, талибаните со ракети и експлозив го уништија еден од најпознатите во светот културно-историски споменици од пред-исламскиот период на Авганистан (меѓу III и V век) – издлабените во карпи гигантски статуи на Буда во авганистанската провинција Бамиан, коишто се сметаа за највисоките скулптури во светот од овој вид, и без заштитени од УНЕСКО.

Изминатите две години, пак, побунетите исламистите во северноафриканската држава Мали ги уриваа прочуените мавзолеи во Тимбукту, како и други историски и културно важни три зданија во овој митски град. Уништување на спомениците започна во Мали во јули 2012 кога припадници на радикалното исламистичко движење Ансар ал-Дин (Бранителите на верата) го уништија мавзолејот на шеикот Махмуд во Тимбукту и две други гробници на важни свети личности за исламот. Тие изјавија дека имаат намера да ги уништи сите 16 гробници коишто се вброени во списокот на светското културно наследство на УНЕСКО, оправдувајќи го вандализмот со „сѐ што не е ислам (според нивното толкување). не е добро и човек мора да му се поклонува само на Бог“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1