Иранскиот дигач на тегови Сајад Гариб (24) кој го доби надимакот по суперхеројот Хулк, стана интернационална ѕвезда, а во моментов на друштвените мрежи на Инстаграм го следат повеќе од 100.000 луѓе.
Имено, кога ќе замислите слика од испирсаниот Хулк, само така да биде од Иран и со бела боја, ќе го добиете Сајада кој неодамна почна и да боксува.
За својот изглед велу дека може да се заблагодари на генетиката.
Но, да не изгледа само како Хулк, туку и дека е и храбар како него, тоа го потврди и информацијата дека во моментов волонтира при иранските воени сили каде е се бори на страната на Асад во борбите во Сирија.