Џихадистите воспоставиле база во Либија, за напади врз Италија


Екстремната сунитска организација Исламска држава која ја презема одговорноста за низа терористичка акти од Блискиот исток, преку Африка и Азија до Европа, воспоставила нова воена база во либискиот град Сирт на брегот на Средоземното Море, пишуваат њујоршките медиуми повикувајќи се на податоци од либиските безбедносни служби.libija baza

Користејќи ја безбедносната и политичка криза во Либија по уривањето на режимот на Моамер ел-Гадафи, во текот на изминатата година Исламската држава го зголемила својот контингент од 200 на 5.000 борци во Сирт, пишува во неделата The Wall Street Journal. Во написот се истакнува дека еден од предусловите за зголемувањето на влијанието на екстремните исламисти во Либија е хаосот настанат по револуцијата од ткн Арапска пролет во 2011 година, со која беше соборен Гадафи, но пота доведе до конфликт меѓу различните политички и племенски групи во земјата.

Во последните неколку седмици пристигнувањето на странските борци во Сирт е нагло зголемен, откако Исламската држава ги повика своите следбеници да се упатат токму во Либија. Покрај тоа, оваа терористичка организација ги вратила во татковината либиските милитанти, кои се бореле во Сирија и во Ирак.

Според либиските власти, само прашање на време е кога Исламската држава ќе ги заземе нафтените полиња и рафинериите во близина на Сирт. Челникот на военото либиско разузнавање, Исмали Шукри, притоа смета дека крајната цел на џихадистите се напади во Италија.

Според изворите на весникот The New York Times, пак, Исламската држава веќе контролира повеќе од 150 километри од медитеранскиот брег на Либија, од Абу-Греин до градот Нофал. Според процените на западните разузнавачки служи, терористите може да го користат Сирт, како резервна база, доколку бидат потиснати од Сирија и Ирак.

„Најмногу нé загрижуваат силите на Исламската држава во Либија. Тоа е центар преку кој тие го шират своето влијание во цела Северна Африка“, вели за весникот еден од водечките аналитичари во разузнавањето на американското министерство за одбрана, Патрик Прајор.

Борбата со исламската држава во Либија може да биде многу тешка, се вели во написот на NYT, бидејќи по соборувањето на Гадафи во земјата нема функционална владата, а бројните групи се борат за превласт меѓу себе, а не со исламистите. Соседните земји, пак, се премногу слаби за да можат да преземат воена интервенција

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1