Адвокатите на Џим Кери успеаја да докажат дека актерот не е виновен за смртта на неговата поранешна девојка Катрион Вајт, која се самоуби во 2015 година.
Мајката на Катрион, Бриџит Свитмен и нејзиниот поранешен сопруг, Марк Бартон, тврделе дека актерот Кери е виновен за самоубиството на девојката, бидејќи, според нив, тој и набавувал лекови без рецепти, и пренел сексуално преносливи болести и и давал кокаин.
Џим Кери поднел противтужба во септември, со образложение дека тужбите против него се обид да се искористи актерот. Тој сега дефинитивно нема да оди на суд, бидејќи е ослободен од сите обвинувања.
– Господин Кери е радосен што конечно ќе може да продолжи со својот живот – изјавил адвокатот на актерот, Рејмонд Баучер.