Џип удри во голема група пешаци, најмалку 19 повредени


Најмалку 19 лица, меѓу кои и едно дете, се повредени денеска во австралискиот град Мелбурн, кога џип удри во голема група пешаци.

Полицијата информираше дека возачот намерно удрил во пешаците и дека неговиот мотив дополнително ќе се утврдува.

Нападот се случил на улицата Флиндерс во центарот на градот, во време кога многу граѓани излегуваат на пауза од работа и купуваат божиќни подароци.

Очевидци велат дека возачот се залетал кон групата луѓе кои минувале на пешачкиот премин и удрил во нив со брзина од 100 километри на час, при што тела „летале во воздухот“.

Покрај возачот, полицијата уапси и уште едно лице кое се наоѓало во белиот џип.

Во јануари шест лица беа убиени во Мелбурн кога ментално болен човек удри во пешаци на улицата Бурк. По овој напад, градските власти поставија бетонски бариери низ градот, вклучително и на улицата Флиндерс, со цел да спречат терористички напади со возила.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1