Фудбалскиот свет доби нов шампион.
Репрезентацијата на Германија се здоби со титулата Светски Шампион откако славеше минимално со 1-0 со гол постигнат во продолженијата од мечот во кој по регуларните 90-минути игра резултатот гласеше 0-0.
Марио Геце, „џокерот“ на селекторот на Германија, Јоаким Лев, во 113-тата минута од мечот, за време на второто продолжение го постигна победоносниот погодок на мечот од големото финале на Мундијалот во Бразил со што „Панцирите“ стигнаа до четвртата титула на Светските Првенства, додека пак аргентинците ја бркаа третата.
„Златниот џокер“ на Лев, во игра влезе во 88-мата минута од мечот, менувајќи го искусниот Клосе.
Во првото полувреме обете селекции играа мошне внимателно, претпазливо во сите делови на теренот.
Марио Геце, „златниот џокер“ на Јоаким Лев во 113-тата минута го постигна поведоносниот а воедно и победоносниот гол на мечот. Геце мошне умешно се снајде во противничкиот шеснаесетник откако прими употреблива топка ја прими убаво на гради и веднаш биеше прецизно кон голот на Ромеро и ја затресе мрежата на противникот.