Анџелина Џоли првпат проговори за распаѓањето на бракот со Бред Пит и како тоа влијаело на нивните деца.
Холивудската актерка моментaлно е во Камбоџа со шестте деца и го промовира својот нов филм. Кога новинарката на „Би-би-си“ ја прашала за приватниот живот, во очите и се појавиле солзи.
– Не сакам да зборувам многу за тоа. Ќе кажам дека тоа беше многу тежок период. Ние сме семејство и секогаш ќе бидеме семејство. Многу луѓе се нашле во таа ситуација. Целото семејство помина низ тоа. Фокусирана сум на децата – изјави актерката.
Џоли е во Камбоџа каде што премиерно се прикажува нејзиниот филм „Прво го убија мојот татко“, за животот во Камбоџа под владеење на Пол Пот и тоа од аголот на едно дете.
Друштво и прават нејзините деца, Медокс (15), Пакс (13), Захара (12), Шајло (10) и осумгодишните близнаци Нокс и Вивијен.