Познатиот рок новинар Пеца Поповиќ замина кај својот стар и голем пријател во Холандија, во едно мало место крај Uletreht, каде што Бранимир Џони Штулиќ живее последниве 25 години во „доброволен азил“.
Како што Поповиќ забележува, денеска 56-годишниот Џони витката линија ја одржува играјќи фудбал, косата му е проретчена но и натаму е долга … освен стариот јогословенски неважечки пасош, друга патна исправа нема , а објаснува и зoшто :
– Имав Југословенски пасош. Од тогаш кога таа земја не пости јас друг пасош ниту барав ниту имав. На инсистирање на рок новинарот сепак да одговори дали би прифатил српско државјанство кое што министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ (сега премиер) јавно преку медиумите му го понудил, Штулиќ вели :
– Животот не е бајка. Ако книгите ми направат нешто, ако ми е потребна база за работа во следните 20 години ќе земам пасош во практични цели како би можел да работам – вели, не објаснувајки каков и од која земја би бил тој пасош. И само признава дека сиве овие години живее на терет на својата сопруга Џозефина „главен спонзор“ но тврди дека не е точно дека баш ништо не заработува – сега заработувам повеќе само што не ме исплатуваат.
Кога вели дека работи, Штулиќ мисли на пишување и на продавање книги, а не на музика. По објавувањето на преводот на Хомеровата „Илијада“ се посветил на понатамошно истражување и пишување, а наскоро очекува и премиера на својата библиотека од 14 наслови. Приказните за преговорите за да одржи концерт во Загреб и Белград за кои што му се нудат наводно големи пари, тој ги демантира, а на инсистирање да каже под кои услови би свирел на просторите на бивша Југославија, Штулиќ одговара:
Југославија е сега окупирана, а јас не свирам на окупирана територија.
http://www.rts.rs/page/magazine/sr/story/471/svet-poznatih/2302551/ko-je-danas-dzoni-stulic.html