Џорџ Клуни пред 25 години – дали и тогаш би ви бил фраер? (Фото)


Најшармантниот актер на денешницата Џорџ Клуни, ирски Американец, роден е во Лексингтон во Кентаки. Неговата мајка, Нина Брус е поранешна манекенка, додека неговиот татко Ник, е новинар, домаќин на квиз на мрежата American Movie Classsics и во последните години – амбициозен политичар од Кентаки.04-george-clooney-50th-birthda_0

Својата актерска кариера Клуни ја започнал во средно училиште, каде што глумел во училишни претстави. Бил просечен ученик, но многу амбициозен бејзбол играч и кошаркар. Од 1979 до 1981 година го посетувал Универзитетот во Северен Кентаки, а потоа и кратко Универзитетот во Синсинати, но ни таму не дипломирал. А, потоа се „фрлил“ на глумата.

Неговата првата позначителнапоредна улога била во серијата „Розен“, каде што го глумел неподносливиот шеф на Розана Бар, Букер Брукс, а после тоа следела улогата во серијата “Baby Talk” и улогата на заводник детектив во „Сестри“. Славата ја стекна со улогата на доктор Даг Рос во хит серијата на NBC „Итна служба“ од 1994 до 1999 година.02-george-clooney-03-7684

После таа улога го гледавме Клуни во одлични филмови како “The Perfect Storm”, “Ocean’s Eleven”, “Gravity” и многу други.

Што мислите за неговиот изглед пред околу 25 години, дали и тогаш изгледал како непоправливиот шармер каков што е денес?05-klunii-42sega

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1