Џорџ Мајкл бил предозиран? Полицијата ја продолжува истрагата


Полицијата продолжува да ја истражува смртта на пејачот Џорџ Мајкл. Според последните информации постои сомнеж дека тој бил предозиран со дрога, пренесе „Дејли бист“.majkl-djordj

Љубовникот на Мајкл, Фади Фаваз, веќе бил испрашан од полицијата и тврдел дека спиел во автомобил во моментот на смртта на Мајкл, а дури подоцна го пронашол неговото безживотно тело во кревет.

Полицијата се обидува да открие кој сè го посетил Џорџ Мајкл и бил во контакт со него неколку дена пред неговата смрт.

53-годишниот пејач беше пронајден мртов во кревет, а неговиот менаџер изјави дека му откажало срцето. Точната причина за смртта се уште се утврдува, при што се чекаат токсиколошки наоди.

Иако смртта на поп иконата не се третира како сомнителна, детективи се сомневаат дека Џорџ Мајкл починал од предозирање со дрога.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1