Државната изборна комисија на прес конференцијата одржана во 15:30 информираше дека излезноста до 15 и 30 часот е 22,56, односно гласале околу 334 илјади граѓани.
Заклучно до 15 часот гласале 334.075 избирачи, а претворено во проценти тоа е 22, 56 проценти, ова денеска на пресконференција го истакна претседателот на ДИК Оливер Дерковски.
Тој вели дека денот се одвива во истата атмосфера како и досега и им се заблагодари на поголемиот дел на граѓани поради демократската атмосфера.
-Ги критикувам сите оние кои што во текот на денот сакаа да ја нарушат таквата слика, со брза интервенција тие инциденти се надминати.