ДИК: Ги добивме податоците од 10 институции – почнува вчитувањето во серверот


Државната изборна комисија заклучно со вчерашниот ден (10 февруари 2016 година) ги доби базите на податоци од сите десет институции со кои ДИК има склучено договор, и тоа: Управата за водење на матични книги, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување, Централниот регистар, Фондот за здравствено осигурување, Управата за јавни приходи, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за труд и социјална политика и Народната банка на Република Македонија.dik sednica

Државната изборна комисија денес записнички ги отвори пликовите во кои беа доставени бараните податоци во електронска форма и клучевите за криптирање и декриптирање на истите. Во текот на денешниот ден ќе отпочне и процесот на вчитување на добиените податоци во серверот на Државната изборна комисија.

Државната изборна комисија денес оствари и средба со Народниот правобранител на Република Македонија, г-дин Иџет Мемети. На средбата се разговараше околу унапредувањето на соработката и комуникацијата помеѓу двете институции во насока на зајакнување на остварувањето и заштитата на избирачкото право како уставно загарантирано човеково право. Претставниците од обете институции недвосмислено ја изразија потребата од интензивна меѓусебна комуникација и сериозен пристап кон разрешување на сите прашања кои ги засегаат граѓаните. Тие ја потврдија својата посветеност кон остварувањето на своите надлежности транспарентно во корист и служба на граѓаните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1