ДИК го отфрли ветото на Чавков за смените во МВР


ДИК го отфрли ветото на дополнителниот заменик-министер Митко Чавков за трите последни кадровски смени направени од министерот Оливер Спасовски во МВР. Објаснувањето на ДИК било дека смените немаат врска со изборите во 2016-та, за што има надлежност за вето дополнителниот заменик.dik sednica

Митко Чавков поднел претставки за поставувањето на Примислав Димовски за нов шеф на единицата „Алфи“, на Бранко Ракиќ за началник на единицата за патен сообраќај и на Тони Ангеловски за началник на одделението за слободен пристап до информации од јавен карактер.Комисијата проценила дека ниту една од овие одлуки на Спасовски не е поврзана со изборите. За одлуката ветото да се отфрли гласале пет членови: претседателот Чичаковски, заменик-претседателот Прекопуца, двајцата членови од СДСМ и членот од ДПА. Против биле експертот Урумов, двајцата членови од ВМРО-ДПМНЕ и членот од ДУИ.

На седницата присуствувале и министерот Спасовски и заменикот Чавков. Расправата поминала во бурна атмосфера. ДИК не ја извести јавноста дека денеска ќе заседава. Дел од присутните барале медиумите да има пристап до расправата и одлучувањето во комисијата.

Минатата недела Управниот суд донесе времена мерка за десетина други кадровски решенија на министерот Оливер Спасовски, откако дополнителниот заменик Чавков поднесе тужба поради, како што наведе, разрешувања, преместувања или унапредувања спротивни на законот за напредување во службата во МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1