ДИК го ставa на увид Избирачкиот список


Државната изборна комисија, во понеделник, ќе биде објавен Избирачкиот список и во наредните 15 дена граѓаните ќе можат да ги проверат податоците.

Списокот ќе биде распределен и во 34 подрачни единици на ДИК, каде исто така ќе може да се врши увидот.izbori livcinja

Процесот на прочистувањето и ажурирањето на податоците од Избирачкиот список треба да заврши на 26 мај. На 14 мај списокот се предава и на политичките партии кои до 19 мај, ако имаат, треба да испратат забелешки.
За предвремените парламентарни избори на 5 јуни, на 26 мај треба да се затвори Избирачкиот список.

Предвремените парламентарни избори ќе чинат 7,5 милиони евра.

Последните седници на ДИК се одржуваат без двајцата членови на комисијата од СДСМ, партија која најавува дека ќе ги бојкотира изборите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1