ДИК: Излезeноста до 18:30 часот 39,71 отсто


Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори до 18:30 часот изнесува 39,71 отсто од обработени 91,54 проценти од избирачките места проценти или на фласање излегле околу 700 илјади граѓани, соопшти вечерва на прес-кобнференција претседателот на ДИЛ Оливер Деркоски.

Најголема излезност има во Гевгелија 59,25, Кавадарци 53, Карпош 49,89 отсто,а најниска во Боговиње 17,93 отсто.

Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните можеа да гласаат на првиот круг од шестите претседателски избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

На 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 во странство на шестите претседателски избори можеа да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список. Гласачките места беа отворени во 7:00 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1