ДИК: Излезноста до 10 часот 6 проценти


Државната изборна комисија на првата прес-конференција денеска информираше дека според добиените податоци до 10 часот гласале 80.569 граѓани, односно 6,05 отсто од избирачите.
Највисока излезност има во Прилеп 11,05 отсто, Свети Николе 11,48 отсто, Пехчево 10,22 отсто, Македонски Брод 10,11.

Најмала излезност има во Боговиње, 1,79 отсто, Липково 0,9 отсто, Долнени 1,85 отсто и Желино 1,82 отсто, соопштија од ДИК.

Гласањето во село Студеничани се уште не е почнато, бидејќи одговорното лице кое требало да ја отклучи просторијата каде треба да се гласа, тоа одбивало да го стори и поради тоа од ДИК соопштија дека тука, односно на избирачкото место 2344 гласање воопшто нема да има

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1