На прес-конференцијата во 15:30 часот на Државаната изборна комисија, Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски изнесе податоци дека до 15:00 часот на гласачките места излегле 334.075 гласачи и дека таа бројка претставува 22,56 отсто од вкупниот број запишани гласачи.
Но, 334.075 гласачи претставуваат 18,49 отсто од вкупниот број гласачи (1.806.336), а не 22.56 отсто, како што соопштија од ДИК. Од друга страна, 22,56 отсто излезени гласачи би биле 407.510 гласови, а не 334.075.
По извесно време на страната на ДИК беа корегирани податоците и наместо запишаните 334.075 илјади гласачи кои беа изнесени како официјален податок на ДИК беа запишани 408.083 илјади гласачи кои го оствариле своето право на глас.