ДИК пресече – Нема втор круг во Кичево


Во Кичево нема да има прегласување за избор на градоначалник. ДИК вчера до полноќ расправаше по двата приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за гласачкиот процес во Кичево. Заменикот на овластениот предлагач од ВМРО-ДПМНЕ, пред ДИК ги образложи двата приговора поднeсени за две избирачки места.

drz_kom-500– На гласачкото место забележано е нарушување на тајност на гласање, семејно гласање, издавање на гласачки ливчиња преку ред, а исто така биле забележани и повеќе лица позади параванот – рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ДИК, на членовите им предочи дека во записникот на Општинската изборна комисија немало никаква забелешка.

– Забелешката до ОИК ви е поднесена половина час по истекувањето на рокот – рече Кондарко.

На приговорот на ВМРО-ДПМНЕ се спротивстави и потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи од ДУИ.

– Јас прво го видов записникот за да утврдам дали има забелешка. Но за овој приговор не може да се постапи по член 117 став 5 кој предвидува забелешките да се поднесуваат во рок од пет часа. Ова е трик на политичката партија која увидела каков е резултатот напишала приговор и со задоцнување го поднела. Наводите на овој приговор не држат – рече Јакупи, потпретседателот на ДИК.

Вториот приговор се однесуваше дека на избирачкото место не светела доволно силно УВ ламбата и спрејот не оставал трага на показалецот.

ДИК ги одби и двата приговори за Кичево. Членовите на ДИК предложени од ДУИ и ДПА, гласаа против приговорите, СДСМ беа воздржани, а ВМРО-ДПМНЕ гласаа за прифаќање на предлогот.

 Партиите кои не се задоволни од одлуките на ДИК ќе можат да покренат постапки пред Управниот суд, за што на судските власти им се на располагање 48 часа за да донесат одлуки.

Izvor – Plus info

СКАНДАЛ: СДСМ ГЛАСАШЕ ПРОТИВ ПРИГОВОРИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА КИЧЕВО
ДРАМА ВО ДИК: MАКЕДОНЦИТЕ ЌЕ СЕ ИЗЕДАТ – СДСМ ПРОТИВ КИЧЕВО, ВМРО ДПМНЕ ЗА СТРУМИЦА
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1